За 30,7 отсто во 2009 година се зголемил бројот на претпријатија во стечај, а за 20,7 отсто се намалил бојот на новонастанати претпријатија покажува извештајот на НБРМ за финансиската стабилност во Македонија за 2009 година. Вкупниот број на претпријатија за 2009 се зголeмил за 3,4 отсто, а во 2008 година има 46 отсто што значи имаме драматично намалување на растот бројот на претпријатија, бројот на фирмите кои отишле во стечај изнесува 2.270 претпријатија што е за 533 повеќе од 2008 година. Податоците од извештајот покажуваат и значително зголемување од 6,3 отсто на бројот на претпријатија со блокирани сметки во споредба со 2008 година и зголемување на бројот на фирми над кои што е отворена стечајна постапка. Финансискиот показател за корпоративниот сектор покажува зголемување на бројот на денови на плаќање на обврските, што е исклучително неповолно од 304 дена во 2008 на 381 дена за плаќање на обврските.
За 30,7 отсто во 2009 година се зголемил бројот на претпријатија во стечај, а за 20,7 отсто се намалил бојот на новонастанати претпријатија покажува извештајот на НБРМ за финансиската стабилност во Македонија за 2009 година.
„Вкупниот број на претпријатија за 2009 се зголeмил за 3,4 отсто, а во 2008 година има 46 отсто што значи имаме драматично намалување на растот бројот на претпријатија, бројот на фирмите кои отишле во стечај изнесува 2.270 претпријатија што е за 533 повеќе од 2008 година“, рече Петар Гошев, гувернер на Народна Банка.
Податоците од извештајот покажуваат и значително зголемување од 6,3 отсто на бројот на претпријатија со блокирани сметки во споредба со 2008 година и зголемување на бројот на фирми над кои што е отворена стечајна постапка.
„Финансискиот показател за корпоративниот сектор покажува зголемување на бројот на денови на плаќање на обврските, што е исклучително неповолно од 304 дена во 2008 на 381 дена за плаќање на обврските“, изјави Гошев.
Извештајот покажува и раст на задолженоста во корпоративниот сектор, а како најголем доверител се нерезидентите.
Вкупниот долг на крајот од 2009 година кои го должеле правните субјекти во земјата и домашни и странски изнесува 241,8 милијарди денари или близу четири милијарди евра од кои 1,7 милијарди евра фирмите им ги должат на банките, а 2,2 милијарди евра изнесуваат останатите обврски.
Гошев изјави дека финансискиот систем во 2009 останал стабилен и покрај негативните влијанија од глобалната криза додека резултатите од стрес тестирањето покажуваат дека банкарскиот систем е отпорен на различни а хипотетични шокови и располага со доволно капитал за покривање на ризиците.